Детали: Ова е причината за пожарот во Нотр Дам
Неизгасната цигара или дефекти во електричната инсталација се можни причини за пожарот во париската катедрала Нотр Дам, што се случи во април годинава, соопшти денеска Јавното обвинителство на Париз, отфрлајќи ја можноста за намерно подметнување на огнот.
–Француските истражни органи разгледуваа голем број хипотези, вклучително и неправилно функционирање на електричниот систем или оган предизвикан од неизгасната цигара, се наведува во соопштението на Обвинителството, при што се додава дека засега се уште не утврдена точната причина за избувнувањето на пожарот.
Сепак, според Обвинителството, не се пронајдени докази што би потврдиле каква било теорија дека „потеклото на огнот е од криминална природа“.
Во соопштението се посочува дека во текот на истрагата за причините на пожарот биле сослушани околу 100 сведоци.
Обвинителството најави дека врз основа на досегашната истражна постапка, сега ќе бидат покренати повеќе детални истраги за причините за пожарот, посочувајќи дека веќе е почната предистражна постапка против непознато лица за „предизвикување штета од небрежност“.
Пожарот избувна во време кога во катедралата беа вршени градежно-реставраторски работи. По пожарот, портпаролот на фирмата „Ле Бра Фрере“, која учествуваше во градежните работи, призна дека нејзини работници „од време на време пушеле“ во црквата.
– Жалиме поради тоа. Но, во никој случај цигара не може да биде причина за пожарот во Нотр Дам, изјави во април портпаролот на „Ле Бра Фрере“.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
