Детали од убиството на грчкиот амбасадор: Го ликвидирале сопругата и нејзиниот љубовник
Полицијата се сомнева дека грчкиот амбасадор во Бразил го убиле неговата сопруга и нејзиниот љубовник полицаец, пренесува телевизијата Глобо, повикувајќи се на политички извори.
Полицијата потврдила дека телото пронајдено во изгорениот автомобил е на грчкиот амбасадор Кјиријакос Амиридис, кој исчезнал пред три дена, кога од Бразилија тргнал да ги прослави новогодишните празници на Копакабана, пренесува Ројтерс.
Полициските инспектори за Глобо рекле дека веруваат дека сопругата на Амиридис, Франсоаз, и полицаецот Сержо Мореира биле нарачатели, а можеби и извршители на убиството во куќата во која амбасадорот и неговата сопруга ги минувале деновите во предградието на северен Рио.
Сопругата и нејзиниот љубовник биле приведени на сослушување, но не е познато дали побарале адвокати.
Грчката амбасада во Бразил одбила да коментира, како и полицијата и грчките службеници кои не сакале да ги коментираат наводите на телевизијата Глобо.
Таа телевизија наведува дека во притвор се наоѓаат уште две осомничени лица, но тие не се идентификувани. Полицијата претходно навела дека е малку веројатно дека грчкиот амбасадор бил киднапиран, бидејќи никој на барал откуп.
Во Рио степенот на криминалитет е многу висок и насилните инциденти се чести, посебно во периодот помеѓу Божиќ и Нова година, кога илјадници туристи го посетуваат градот.
Амиридис бил поставен за амбасадор во Бразил оваа година. Од 2001. до 2004. година бил генерален конзул на Грција во Рио. Бил амбасадор во Либија од 2012. до 2016. година. Оженет е и има 10-годишна ќерка.
Ново на Сител
-
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ
-
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
-
Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата