Десниот брег на Сена во Париз ќе стане пешачка зона
Властите на францускиот главен град продолжуваат со својата политика на „бркање“ на автомобилите од градот, оставајќи повеќе простор за пешаците и велосипедистите, јави дописникот на МИА од Париз.
Така, Советот на градот Париз денеска реши десниот брег на Сена во градот да стане пешачка зона.
Десниот брег на Сена „им беше вратен на парижаните“ уште летово, кога имаа право да се движат пешки или со велосипеди. Одлуката на Гградскиот совет е донесена и покрај противењето на Комисијата која спроведе јавна анализа за одржливоста на проектот.
Градоначалничката на Париз, Ан Идалого, одуката за создавање на пешачка зона на десниот брег на Сена ја нарече „историска одлука“.
Нејзиниот помошник за транспорт Кристоф Најдовски, од групата на Зелените, изутринава на „Франс Инфо“ изјави дека ваквата одлука е „далеку од катастрофата, што најавуваат нејзините противници“.
Според Најдовски, оваа мерка за претворање на брегот на Сена во пешачка зона има ефекти на краткорочен план, но таа ќе има позотивно влијание на долгорочен план за животната средина и екононската атрактивност на Париз.
Градските власти сметаат дека со намалувањето на местата за автомобили во градот и со развивање на другите алетрантивни средства за превоз ќе се постигне напредок.
- Пред педесет години кога беа замислени кејовите покрај Сена, автомобилите требаше да минуваат низ центарот на градот. Но, тогаш не се зборуваше за климата. Денес во 21-от век, ја променивме ерата и треба да се соочиме со тоа, вели Кристоф Најдовски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на АА
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
-
СДСМ: Божиновска должи одговори
-
Таравари за смртта на 14 месечното бебе - Лична одговорност мора да има!
-
На интернет измами најчесто наседнуваат луѓето со ниски примања, велат психолозите
-
ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра за секој студент - 10 милиони евра фонд за бизнис за млади
-
Само 1% од вработените во ЈКП-ЈА се лица помлади од 35 години, а 65% постари од 55 години
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки