Дескоска за АНА-МПА: Се чувствувам дека сум дојдена во пријателска земја

Сметам дека е привилегија фактот што сум прва министерка што доаѓа овде по спроведувањето на Договорот од Преспа. Се чувствувам дека сум дојдена во пријателска земја, чувствувам позитивна атмосфера, вели министерката за правда на Северна Македонија, Рената Дескоска за грчката новинска агенција АНА-МПА за првата посета на Грција по стапувањето на сила на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Дескоска изминатиот викенд учествуваше на првиот „Thessaloniki Regional Formum“, на кој, како што вели „сите говорници имале да кажат нешто позитивно за Договорот од Преспа и да им честитаат на премиерите Заев и Ципрас за нивната визија“. А за решението меѓу двете земји, истакнува дека „не постои идеален договор“.
-Кога преговараш ќе треба да направиш отстапка, бидејќи тоа е суштината на компромисот. Нешто добиваш, а губиш нешто друго. Сметам дека и двете земји имаа отворен пристап за време на преговорите, трпение и ги знаеја црвените линии и основните потреби на другиот, па така дојде компромисот што беше добра основа за да го имаме овој договор, вели Дескоска.
Министерката за правда смета дека сега билатералните односи ќе помината на високо политичко ниво и ќе бидат подобри и на политичко и на економско ниво во споредба со претходно, а ќе се зголеми размената на посети на министри, на академици и претставници на граѓанското општество.
-Овој вид на контакти недостигаа претходно. На пример, за реформите во Министерството за правда користевме искуство и помош од странски експерти кои ни помогнаа во овој процес. Имавме експерти од Словенија, Бугарија, Хрватска, но не и од Грција. Со овој договор и експертите од Грција се добредојдени да помогнат во реформите што ги правиме за да ја подготвиме средината за интеграција, објаснува Дескоска за АНА-МПА, пренесе МИА.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
