Дескоска: Ветингот ќе се спроведува после изборите
За спроведување на ветинг е потребно двотретинско мнозинство и кое е повеќе од јасно дека не можеме да го обезбедиме пред изборите, порача министерката за правда.
Дескоска вели дека владата во овој момент разгледува и повеќе опции како да се спроведе проверката на имотот и интегритетот на судиите и јавните обвинители.
Во однос на препораките на Венецијанската комисија, министерката за правда потенцира дека тие се однесуваат на употребата на јазиците од страна на носителите на јавни функции, а не на граѓаните кои имаат право да го употребуваат албанскиот јазик.
Според Дескоска во следниот период ќе бараат начини како да се спроведат препораките на Венецијанската комисија во делот на судските постапки преку измени на Законот за судови и Законот за кривична постапка кои се носат со двотретинско мнозинство.
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево