Дескоска учествува на Кранс Монтана Форумот во Швајцарија

Министерката за правда Рената Дескоска учествува на јубилејното 30-то издание на Кранс Монтана Форумот што се одржува во Женева, Швајцарија на тема „Дали мирот, развојот и стабилноста стануваат сон?“.
Како што соопштија денеска од Министерството за правда, Дескоска ќе се обрати на сесијата посветена на иницијативата за источно-медитеранската соработка, за која оваа година исто така се одбележува 30 годишнината.
Во рамки на истата сесија, најавено е и обраќање и од поранешниот претседател на Република Албанија, Сали Бериша.
Целта на Кранс Монтана Форумот е да ја зајакне меѓународната соработка преку промоција на добри практики на меѓународна соработка и градење на постојан дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор како клучни актери и носители на одлуки.
Кранс Монтана Форумот е невладина меѓународна организација која е основана во 1986 година, и мисијата на оваа организација е да изгради подобар свет, чие мото гласи „кон похуман свет”.
На форумот, посочуваат во соопштението од Министерството за правда, учествувал и поранешниот претседател на Република Македониј, Киро Глигоров.
Ново на Сител
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
-

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември
-

Одбележување на Светската недела на вселената
