-->
-->
Дескоска на преговори со помалите политички партии
-->

Министерката Рената Дескоска претпладнево на поединечни средби со помалите пратенички групи околу законот за обвинителство.
Средбите се затворени за јавност, но на нив пратениците ќе треба да ги дадат конечните забелешки за законот по што треба да се формира и конечниот текст.
По овие поединечни средби, како што велат од Министерството за правда ќе треба да се договори и средба на работните групи на власта и опозицијата во поширок состав.
ВМРО-ДПМНЕ се уште на писмено не ги дала своите амандмани и стојат на ставот дека експертите треба да ги дадат измените на законот за обвинителство.
Преговорите на Дескоска со помалите пратенички групи е обид да се обезбедат 80 пратеници без ВМРО-ДПМНЕ за законот да биде донесен до распуштањето на Парламентот на 12 февруари.
Катерина Нешкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
