Дескоска и Филипче ќе го отворат прашањето за одвивањето на судењата поради коронавирусот
Прашањето за одвивањето на судењата со оглед на новонастанатата состојба со коронавирусот се очекува да биде отворено денеска од ресорните министри.
Министерката за правда Рената Дескоска за МИА изјави дека веројатно денеска на седница на Владата ќе се отвори и ова прашање, а за што средба со неа најави и министерот за здравство Венко Филипче со цел да се донесе одлука за да се заштитат луѓето од вирусот.
-Секојдневно изминативе два дена се гледам со Филипче пред и на седници на Влада. Веројатно и денес ќе има седница на Влада и ќе се отворат и тие прашања, изјави за МИА Дескоска.
Филипче, одговарајќи на новинарски прашања на редовната прес-конференција за состојбата со коронавирусот, рече дека судот е место каде циркулираат голем број луѓе, поради што ќе разговара со министерката за правда и дополнително ќе донесат одлука како ќе постапат и ќе ја соопштат.
Од Основен кривичен суд Скопје претходно информираа дека се одржуваат сите судења за кои постојат законски услови за тоа и оти Судот доследно ги почитува препораките на Владата за превенција од ширење на коронавирусот.
Во Основен кривичен суд во Скопје денеска се одржа рочиштето за случајот „Рекет“, а главна расправа за предметот „Т.Н.Т.“ беше одложена за 19 март поради немање законски претпоставки за одржување на расправата, односно отсуство на еден од обвинетите, а не по одлука на Судот.
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола