-->
-->
Дешам останува селектор на Франција
-->
Дидие Дешам останува француски селектор до 2020 година откако Француската фудбалска федерација (ФФФ) му даде нов договор по успешните квалификации за СП во Русија в година.
Дешам, кој беше дел од славниот француски тим што го освои мундијалот во 1998 година, е поранешен тренер на Монако, Јувентус и Марсеј, а на селекторското место е од 2012 година кога го замени својот поранешен соиграч, Лорен Блан, по Европското првенство.
„Бевме на ручек со Дидие за продолжување на соработката до крајот на Евро 2020. Му дадов осум дена да размисли и по уште еден ручек, се согласивме. Тој останува со нас“, изјави претседателот на ФФФ, Ноел Ле Гае.
Дешам ги предводеше Французите на СП во Бразил во 2014 кога стигнаа до четврт-финалето пред да загубат во финалето на Евро 2016 на домашен терен од Португалија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости