Десеттомна едиција на романи од Луан Старова во издание на „Дијалог“
Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје го објави циклусот романи „Балканска сага“ од Луан Старова во 10 тома.
- Овој творечки и издавачки подвиг од 3000 страници на читателите им ги доближува најзначајните романескни остварувања на Старова: „Татковите книги“, „Времето на козите“, „Балкански клуч“, „Атеистички музеј“, „Патот на јагулите“, „Ервехе“, „Тврдина од пепел“, „Љубовта на генералот“, „Амбасади“ и „Потрага по Елен Лејбовиц“, соопшти „Дијалог“.
Уредник на едицијата е Веле Смилевски, а автори на толкувачките текстови на делата на Старова се познати имиња од македонската и светската книжевна сцена, меѓу кои: Матеја Матевски, Едгар Морен, Георги Старделов, Леон Сомвил, Гане Тодоровски, Катица Ќулавкова, Ристо Лазаров, Предраг Матвеевиќ, Морис Друон, Јелена Лужина и Елизабета Шелева.
Циклусот „Балканска сага“ во 10 тома е критичко и дополнето издание на романите на Луан Старова кои сега првпат под заеднички наслов се појавуваат во интегрален вид. Делата во оваа едиција се објавувани на дваесетина јазици во светот.
Романите на Луан Старова во Македонија се наградени со „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра прозна книга, „Рациново признание“, „Климент Охридски“, „Велја кутија“ и Роман на годината на „Утрински весник“.
Ново на Сител
-
Американската компанија „Вабтек“ нова странска инвестиција во земјава
-
Кривични пријави за пет лица за „злоупотреба на службената положба“ и две лица за „несовесно работење во службата“
-
Кога бев најпопуларна бев најтажна | Сузана Гавазова | Sitel Podcast 051
-
Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп
-
Прекин на сообраќајот на автопатот Прилеп – Битола порди сообраќајка
-
Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција
-
Филков - Гир: Спроведувањето на реформската агенда приоритет на државата
-
Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа