Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, при што се повредени најмалку три лица и предизвикана е значителна материјална штета, соопштија локалните власти.
Американската метеоролошка служба (NWS) регистрираше повеќе од 70 торнада низ целата земја, повеќето од нив околу градот Омаха, Небраска и во близина на Ајова.
Резултатот е десетици уништени згради и домови, скршени далноводи и излетани возови од шините.
Во Елхорн, предградие на Омаха, фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат урнати куќи, разнесени покриви и голи дрвја.
„Спасувачите продолжуваат да ги проверуваат погодените домови и им пружаат помош на сите повредени“, објави полицијата на Омаха на мрежата Икс.
На југ, во близина на градот Линколн, торнадо погоди индустриски комплекс.
Околу 70 луѓе биле евакуирани кога се урнала зграда, но тројца се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, соопштија властите на округот Ланкастер на прес-конференција.
NWS, кој вчера издаде голем број предупредувања за торнадо за неколку држави во централниот дел на САД, предвидува дека временскиот феномен ќе продолжи и во текот на денешниот ден.
Торнадата се релативно чести во САД, особено во централните и јужните делови на земјата.
Ново на Сител
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО