Свет
10. October 2024 - 11:04

Десетици ракети лансирани од Либан кон северен Израел

Неколку десетици ракети беа лансирани од Либан кон северен Израел, објави денеска „Тајмс оф Израел“.

Некои од ракетите беа пресретнати, додека други го погодија Израел.

Израелскиот портал Инет објави дека е погодена куќа во општина Маргаљот, но дека нема жртви.