Десетици илјади Руси бараат од Путин да го разреши Медведев
Повеќе од сто илјади Руси потпишаа петиција до претседателот на Русија, Владимир Путин со која го повикуваат да го разреши премиерот Дмитриј Медведев, чиј коментар од пред една недела за платите на наставниците предизвика незадоволство во јавноста.
На прашањето на еден наставник од сиромашниот регион Дагестан, зошто наставничкиот кадар се плаќа половина од полицијата, Медведев остро одговори дека подучувањето не е работа за оние кои сакаат да се збогатат и дека еден млад и енергичен маж секогаш може да заработи пари од страна, наведуваат американските агенции.
Како што е наведено на веб-сајтот change.org, каде што е испратена онлјан петицијата, барањето Путин да го разреши Медведев до денеска доби повеќе од 160.000 потписи.
Во петицијата се вели дека некој кој на „наставниците им порачува да заработат пари од страна“ не би требало да води кабинет.
Медведев беше претседател на Русија од 2008 година до 2012 година..
Ново на Сител
-
Прв академски час на универзитетите
-
И синдикатите и газдите не се задоволни
-
Јаневска: Ќе го подигнеме студентскиот стандард
-
Преглед на вести од светот
-
Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење
-
Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС
-
ОКТА со современа лабораторија ќе го испитува квалитетот на дизелот