Десетици илјади Полјаци протестираа против реорганизацијата на судскиот систем во земјата
Десетици илјади лица синоќа излегоа на улиците на Варшава и другите полски градови на протести против спорните судски реформи на владејачката партија Право и правда, јавија светските агенции.
Според организаторите, околу 50.000 лица учествувале на протестот пред претседателската палата, а според полицијата биле 14. 000.
Демонстрантите го повикуваа претседателот Анджеј Дуда да стави вето врз законот за Врховниот суд, што на извршната власт и дава повеќе овластувања да влијае врз составот на Врховниот суд.
Остро незадоволство будат и другите два закона, кои, според нивните критичари, ја уништуваат независноста на судскиот систем и претставуваат закана за демократијата.
Полската премиерка Беата Шидло во специјалното обраќање на телевизија, изјави дека промените се резултат на општественото незадоволство од неефикасноста на судскиот систем и вети дека владата нема да попушти под притисокот на „полски или странски активисти на интересите на елитите“.
Таа, се чини, го имаше предвид предупредувањето на ЕУ дека на Полска може да и бидат наметнати санкции, вклучувајќи ја и таа да биде лишена од правото на глас при донесување на одлуки на Унијата, забележаа американските медиуми.
Протестите добија нова сила откако Сејмот, Долниот дом на полскиот Парламент, вчера го усвои законот за Врховниот суд, што предвидува ослободување од функцијата на сите актуелни членови на судот со исклучок на избраните од претседателот. Се менува и структурата на судот, со додавање на тело кое ќе се занимава со нарушувањата на правилата или етичките норми во судскиот систем.
Се очекува денеска Сенатот, во кој владејачката партија има мнозинство, да го изгласа новиот закон, што потоа треба да биде потпишан од претседателот и да може да влезе во правна сила.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Комората на северозападна Македонија не гледа трикови со цените - Апелираат трговците да го почитуваат договореното
-
СДСМ: Антикорупциска да ја повлече одлуката за именувањето на Христовски за директор на АНБ
-
6 милиони евра дополнителни средства Агенцијата за вработување за 2025 година
-
Потребно е проширување на понудата
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката