Десетици илјади луѓе ги напуштиле домовите заради борбите во југоисточна Турција
Десетици илјади лица, кои живеат во Јуксекова, во округот Хакјари, и во Нусајбин, во округот Мардин, во југоисточна Турција, во текот на последните три дена ги напуштиле своите домови заради новите судири меѓу турските сили за безбедност и бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК), информира весникот „Хуриет дејли њус“.
Приближно 40.000 од вкупно 70. 000 жители на Јуксекова избегале кон другите градови, најмногу кон Хакјари или Ван, откако во нивниот град на 13 март вечерта влезе во сила 24-часовен полициски час.
Турските сили за безбедност водат борби во градот против приближно 350-400 курдски бунтовници, ги користат рововите ископани од бунтовниците, и деактивираат експлозиви. Канцелариите на валиите на Хакјари и Ван им нудат помош на луѓето кои ги напуштиле своите домови.
Пред почетокот на големите операции локалните власти ги повикаа цивилите привремено да ги напуштат своите домови, ако тоа е можно.
Во последните три дена во операциите во југоисточна Турција се убиени 28 бунтовници на ПКК, покажуваат податоците на армијата.
Официјалните пдоатоци говорат дека од Нусајбин, град со население од 90. 000 жители, веќе околу 50.000 ги напуштиле своите домови.
Ново на Сител
-
Перински: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој
-
Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај по наводна закана за поставена бомба
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени