Десет превозници од Македонија добитници на наградата ТОП менаџер на ИРУ
Десет транспортни менаџери од Република Македонија, превозници на патници и на стоки, се добитници на наградата ТОП менаџер за 2017 година што традиционално ја доделува најголемата транспортна асоцијација во светот, Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ, со седиште во Женева.
Ова транспортно признание го добија: Марјан Крстевски од транспортната фирма АСПЕРА КОМЕРЦ, Зоран Љубенов – ДТТ ЛИДО, Бесим Алиов – ДУДО АГ, Робе Спасов – ЕЛМА ТРАНС, Ѓорѓи Вчков – Македонија сообракај АД, Александар Ристовски – РИВИЕЛ ДООЕЛ, Ѓорѓи Ристов – САБРИНА ТРАНС, Зоран Јамандиев – ШЕФЧЕ ТРАНС ДООЕЛ, Николчо Капсаров – ТРАНСБАЛКАН ДООЕЛ и Андреј Костов од ТРЕЈД КОСТОВ ТРАНСПОРТ.
Тие станаа составен дел на тимот на 60 најдобри менаџери во транспортот од 15 земји во светот за кои ИРУ неодамна донесе одлука да ги награди со своето највисоко признание.
Награди добија еден менаџер од Аргентина, тројца од Белорусија, петмина од Чешка, четворица од Естонија, 10 од Македонија, тројца од Германија, осум од Казахстан, 12 од Мексико, четворица од Молдавија, тројца од Романија, петмина од Русија и двајца од Украина.
– Оваа престижна награда што нашите транспортери имаа чест да ја добијат од ИРУ е потврда и признание за нивното менџерско работење, за лидерските достигнувања и секако за професионалното искуство во негувањето и промовирањето на сигурен, безбеден, еколошки и ефикасен патен транспорт. Наградата на ИРУ за ТОП-менаџери во патниот транспорт ги наградува главните менаџери на компаниите во патниот сообраќај, ангажирани во националниот и меѓународниот превоз на стока или патници, вклучувајќи ги и такси-компаниите, изјави Емил Милев, управителот на СИЗ „Македонија сообраќај“ – АМЕРИТ.
Тој посочи дека во согласност со прописите, со кои се регулира доделувањето на оваа награда, асоцијациите членки на ИРУ, меѓу кои и АМЕРИТ, ги избраа оние кандидати од нивните земји, кои целосно ги исполнуваат сите услови за регулирање и аплицирање и уредно ги доставија номинациите до Генералниот секретаријат на ИРУ.
- Наградата ТОП менаџер на ИРУ има за цел поуспешно работење на транспортерите, што соодветно ја валоризираат и наградуваат и општествената заедница, односно државата од каде што тие потекнуваат, потенцира Милев.
Аплицирањето за наградата ТОП менаџер на ИРУ кај нас веќе традиционално секоја година се врши со посредство на СИЗ „Македонија сообраќај“ – АМЕРИТ, која е национална асоцијација, членка на Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ и која во текот на целата година го следи работењето на транспортните менаџери и на нивните фирми, ги бодува и ги предложува до ИРУ.
Номинацијата на менаџерот за оваа награда од страна на националната асоцијација претставува и автоматска потврда дека компанијата работи успешно и спроведува добри практики во работењето и транспортот, како и дека под раководство на менаџерот компанијата нема направено никакви прекршоци на царински или на други административни регулативи.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување