Десет месеци ниту трага, ниту глас од исчезнатата Марија Брзакова
Десет месеци трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова (28) од Босилово, а од неа нема ниту трага, ниту глас. Таа исчезна на 18 јануари годинава во утринските часови, а по нејзиното исчезнување истрагата ја води Основното јавно обвинителство во Струмица.
Според информациите оттаму, отворена е предистражна постапка, која се уште трае, но нема нови детали, а истата нема да биде затворена додека таа не се пронајде.
Обвинителството разгледува повеќе можности на случајот-дали младата мајка навистина е исчезната, можноста од самоповредување или одземање на сопствениот живот, но и можноста од насилна смрт. Биле разгледани снимки од камери во селото Босилово и неколку патни правци околу селото. Потврдено е дека Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла. Биле земени изјави од најблиските, а проверени се и нивните телефони, но и од таму нема информации за исчезнувањето на Брзакова.
Подолго време нејзиното име е на листата на исчезнати лица на МВР, а пред неколку месеци таа интензивно се бараше и со апели на социјалните мрежи. На повеќе локации во Струмица беа поставени и флаери со нејзини фотографии и контакт броеви на кои што може да се обратат граѓаните.
Неколку денови по нејзиното исчезнување стотина ловци и граѓани, во координација со полицијата, трагаа по Брзакова по течението на реките Турија и Струмица, канали, по полето, дури и по браните на Дрвош и Иловица и Моноспитовското блато.
Дваесет и осумгодишната Марија Брзакова исчезна на 18 јануари годинава. Според информациите од блиските била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.
Ново на Сител
-

Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
