Десет години Градски музеј Крива Паланка

Локалната установа Градски музеј Крива Паланка одбележа една деценија постоење како централно културно јадро на градот. Градски музеј – Крива Паланка е еден од двата локални музеи формирани со Законот за музеите кои целосно се финасирани од своите општини.
- Нашата установа беше основана во 2006 година, а конституирана согласно законот во март 2013. Оттогаш до денес оваа установа има развиена голема културна дејност. Во текот на една година се одржуваат по триесетина културни активности од типот на изложби, промоции, концерти, работилници и презентации, а оваа институција е ко-организатор и на сите големи општински манифестации, истакна Драган Величковски, в.д. директор на ЛУ Градски музеј Крива Паланка.
Нагласи дека е задоволен од тоа како се развива првично концептираната идеја за институцијата која, во еднодецениското постоење има организирано и реализирано 101 настан од разни дејности.
- Оформени се три постојани поставки, етнолошка, историска и археолошка, а досега се собрани и обработени повеќе од 2.170 музејски предмети. Изработени се 161 проектна апликација, аплицирани пред домашни и меѓународни фондации, организации, министерства и амбасади, 14 архитектонски и технички проекти, имаме успешно реализирани 41 проект, а комплетно е реконструирана целата зграда за што се инвестирани повеќе од 350.000 евра од странски донатори , дополни Величковски.
Музејот располага и со галериски простор за тековни изложби, депоа, работилница за конзервација, продавница за сувенири.
- Музејот одлично работи и на изработка и имплеменрација на проекти како од Министерството за култура и други државни органи, така и од странски донатори, пред се Европската унија, Норвешката амбасада, ИПА Програмата за прекугранична соработка со Бугарија, Програмата Европа за граѓаните и многу други, истакна Величковски.
Музејот е дел од мрежата на ИКОМ, ИКОМОС, СИН ШТИТ, МЕД, МАНД, Balkan Museum Network, а претсавници на музејот учествувале на 33 домашни и меѓународни конференции, семинарии, работилници и форуми. Бележат и гостувања во 22 телевизиски и радио програми.
- Мора да истакнам дека имаме изработен елаборат за основање на Национална установа. Покрај благодарноста на сите наши соработници и помагатели кои заедно со нас се вградија во идејата за Музеј во Крива Паланка, денес би го истакнал и проблемот со екипирање и решавање на статусот на стручниот кадар во установата, за што се надевам надлежите институции ќе помогнат во периодот кој следува, потенцира Величковски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
