Десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки
- Итната медицинска помош бележи интервенции за 10 до 15 колапси дневно, како и интервенции за зголемен број на сообраќајни незгоди.
- Викендов, имаме интервенирано на 10 сообраќајки, од нив седум, во петокот. Колапси на јавни места - работно место, автобуска станица, автобуси и така натаму, паднати по скали, се вкупно 15 интервенции, од кои повеќето се во работен ден, поточно во петокот имавме вкупно осум интервенции, вели во изјава за МИА доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во Итната медицинска помош во Скопје.
Од петокот до изутринава до седум часот имале вкупно 152 интервенции.
- Од нив, 52 од прв степен на итност, 80 од втор степен на итност. Само за вчерашниот ден, за 24 часа, бележиме вкупно 77 интервенции, од прв степен на итност 23, а 42 од втор степен на итност, посочува доктор Реџепи.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП "Гази Баба 2007"
-
Позитивната листа на лекови дополнета со девет генерики
-
Шекеринска во трка за позиција во НАТО
-
Основен кривичен суд Скопје: Прифатена спогодбата, Наќе Георгиев е осуден на 3 години затвор
-
Почина вработена во скопски „Водовод“: И се слошило на работното место
-
Измамена 86 годишна скопјанка за 10 000 евра: И кажале дека ќерка и направила сообраќајка во Црна Гора
-
Кајакарот Љубомир Спасиќ трет на Светското првенство во Саберо, Шпанија
-
JO: Истражна постапка за полицаец кој обљубил жена наместо да напише казна