Дерковски: Очекуваме да се распишат изборите

Државната изборна комисија (ДИК) очекува да се распишат изборите за предвремените парламентарни избори најавени за 12 април. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, во изјава за МИА, истакна дека тие се подготвени да ја одржат првата седница ако во недела се распушти Собранието.
– ДИК очекува да се распишат изборите онака како што е најавено и онака како што сите знаеме и дека од тоа причини презеде определени мерки или дејствија во изминативе денови за да се организира на време, веднаш по распишувањето да ја одржиме првата седница и да ги донесеме потребните акти, изјави Деркоски.
Попладнево во ДИК се одржа јавната седница на која се разгледаа петте барањaта на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Во оваа прилика ДИК одлучи дека тие како институција не се надлежни да одлучуваат за поединечни акти што не се однесуваат на правни финансиски и кадровски прашања поврзани со изборите. На кратката дискусија за овие точки зборуваа и членовите на ДИК, Елизабета Постоловска и Јанаќе Витановски. Тие сметаат дека надлежностите на ДИК се утврдени со член 48 од Законот за влада, во кој тие изречно ја црпат нивната надлежност.
– Ние немаме надлежност да ја цениме законитоста на содржината на самите донесени акти од страна на министерот. Начинот на работа на секое министерство поединечно е уредено во посебни материјални закони за кое ДИК не е надлежно да постапува и носи одлуки. Согласно на наведеното сметам дека ова решение, не е и не може да биде акт што се однесува на организација на изборите, рече Постоловска.
Според Витановски Државната изборна комисија нема надлежноста да ја цени законитоста и содржината на конкретните акти на регулирањето на посебните права и обврски, начинот на работењето на самите министерства поединечно и надлежностите на министерот и на заменик министерот, државниот секретар.
Апелира до сите министери, дополнителни заменици министери, заменици министри, да го почитуваат Законот за влада и да не праќаат беспредметни барања до ДИК.
Ново на Сител
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
