Дерковски: Нема фантоми во избирачкиот список
Нема фантоми во избирачкиот список. На четриресетина дена пред референдумот, првиот човек во ДИК Уверува, 1,8 милиони гласачи се реална бројка за Македонија.
На денешната седница на ДИК, членовите на комисијата ги пополнија испразентите места во општинските изборни комисии и определија средства за закуп на простор во оние средини каде што државата не поседува свои објекти.
Дерковски ги информираше членовите за денешната средба со премиерот Заев на која побарал и добил поддршка од државата за непречена реализација на референдумот.
И премиерот Заев во соопштението кое утрово го лиферуваше неговиот кабинет на средбата нагласил дека сите обврска на сите институции е професионално да одговорат на своите должности поврзани со референдумското изјаснување.
Во меѓувреме течат роковите за проверка на избирчакиот список и за пријавување за гласање во дијаспората. До денеска на пладне околу 14.000 граѓани изршиле проверка на своите податоци во избирачкиот список. Од нив, најголемиот дел или над 11 илјади тоа го сториле електронски.
За гласање во дијаспората до денеска попладне се пријавиле 1145 граѓани. Рокот истекува на 23 август. Сите кои нема да се пријават за гласање во дијаспората, своето право на глас ќе можат да го остварат во избирачкото место каде што се пријавени во евиденцијата во Македонија.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар