Фудбал
1. April 2018 - 17:17

Дербито Пелистер-Вардар без голови

Во првата македонска фудбалска лига, попладнево беа одиграни средбите од 25.коло.
 
Водечкиот тандем на табелата, Шкедија и Вардар одиграа мечеви без голови против Скопје и Пелистер, додека трето пласираниот Силекс ја совлада Победа. 
 
Вечното дерби во Битола, меѓу Пелистер и Вардар не донесе којзнае каков фудбал, па на крајот дуелот заврши со нај непопуларниот резултат 0-0.  Исто беше и на средбата во Автокоманда, каде кај Скопје гостуваше Шкендија. 

Трето пласираниот Силекс во Кратово ја совлада прилепска Победа со 1-0, со голот на Дејан Благојевиќ   во 26.минута

На победа пред своите симпатизери се радуваше и екипата на Ренова кој со 3-1 го победи Шкупи, а дуелот меѓу Работнички и Академија Пандев заврши без победник 1-1.

 

ТАБЕЛА
1. ШКЕНДИЈА 63 бодови, 
2. ВАРДАР 47, 
3. СИЛЕКС 39 (-1), 
4. АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 30, 
5. РАБОТНИЧКИ 29, 
6. ШКУПИ 29 
7. РЕНОВА 28, 
8. ПОБЕДА 25, 
9. ПЕЛИСТЕР 23 (-1), 
10. СКОПЈЕ 21