Денови на финансиска писменост
Во Скопје денеска ќе почнат Деновите на финансиска писменост на кои посетителите ќе може да се информираат за сите финансиски теми.
На овој тридневен мултимедијален настан ќе присуствуваат претставници од финансиските институции како што се банките, штедилниците, друштвата за осигурување, друштвата за управување со инвестициски фондови, друштвата за управување со пензиски фондови и микрофинансиските институции.
Посетителите ќе можат да се информираат за сите финансиски параметри во врска со теми кои ги засегаат, а планирани се и презентации и забава за најмладите кои ќе бидат вклучени во проекти со што уште од најрана возраст ќе се влијае на нивната финансиска писменост.
Организаторите најавуваат дека на отворањето ќе се обратат министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерот на Народната банка Димитар Богов, претседателот на Советот на експерти од Агенција за супервизија на осигурување Климе Попоски и претседателот на Советот на експерти на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување Булент Дервиши.
Ново на Сител
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести