Денот на Републиката ќе се одбележува под мотото „Сите сме деца на Илинден“

„Сите сме деца на Илинден“ е мотото под кое годинава ќе се реализираат чествувањата на Денот на Републиката – 2 Август, Илинден во Скопје, Пелинце, Смилево и Крушево. Централната свеченост ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево, каде после положувањето цвеќе на споменикот ќе следува обраќање на премиерот Зоран Заев по што е предвидена и свечена културно-уметничка програма.
Свеченостите по повод Денот на Републиката, како што информираат од владината прес-служба, започнуваат со активностите на претседателот на Република Северна Македонија, кој заедно со делегациите ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев и ќе се поклонат пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто во Скопје.
Претседателот Стево Пендаровски, заедно со Сојузот на борците ќе положи и цвеќе на Алејата на славните, по што ќе следува прием за гостите и за делегацијата на борците во претседателската вила на Водно, каде што претседателот и претставник на Сојузот на борците ќе имаат и свои обраќања по повод празникот.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе говори во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце на свеченоста по повод Денот на Републиката – 2 Август, и по повод 75 годишнината од првото заседание на АСНОМ, по што следува културно-уметничка програма.
Како дел од Програмата за одбележување на Денот на Републиката – 2 Август, се и активностите во Смилево, со кои ќе се одбележат 116 години Илинден и 77 години од првата борбена акција на Битолско – Преспанскиот Партизански Одред „Даме Груев“. Свечената програма предвидува положување на цвеќе на спомен обележјата, по што следи посета на меморијалниот музеј Смилево.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
