Македонија
11. October 2019 - 12:30

Денот на народното востание свечено одбележан во Гевгелија

Со пригодни празнични манифестации денеска Гевгелија го одбележа Денот на борецот и 78-годишнината од почетокот на народното востание за ослободување од фашистичкиот окупатор.

На чествувањето на празникот присуствуваа делегации на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Сашо Поцков, боречката организација, политичките партии и подржувачи на револуционерното дело кои положија цвеќе и се поклонија пред Спомен костурницата на паднатите борци во народно ослободителната војна.

– За историјата на нашата земја овој Ден има огромно значење, затоа што претставува продолжение на вековниот стремеж и целта за која се бореа сите што ги положија своите животи. Ние и понатаму ќе им се поклонуваме на овој ден, а во аманет на младите им оставаме порака никогаш да не го заборават нивното дело, рече Јане Ташковски од гевгелиската боречка организација.