Денеска во Брисел нова рунда од преговорите меѓу Белград и Приштина

Претседателите и премиерите на Србија и Косово денеска повторно ќе се сретнат во Брисел на нова рунда од меѓусебниот дијалог, јавува Танјуг.
ЕУ, како посредник во дијалогот, очекува разговор за отворените прашања, примената на договореното, но и за тоа како понатаму со дијалогот за нормализација на односите.
Премиерот и претседателот на Србија Александар Вучиќ и Томислав Николиќ‡, како и премиерот и претседателот на Косово Иса Мустафа и Хашим Тач и повторно, по една недела, денеска ќе седнат на иста маса во Брисел.
- Можам да потврдам дека премиерот Мустафа и претседателот Тач и како и премиер Вучиќ и претседателот Николиќ‡ денеска ќе дојдат во Брисел на покана на високата претставничка Федерика Могерини за да уч ествуваат на следниот состанок на високо ниво во рамки на дијалогот во кој посредува ЕУ, изјави портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ‡.
Вучиќ изрази надеж дека денешното продолжение на дијалогот ќе мине во „трезвени разговори“ и дека сите ќа разберат дека стабилизацијата на Западен Балкан е клучниот предуслов за напредокот.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
