-->
-->
Денеска стартува пред-европското првенство во змајарство
-->

Пред-европското змајарско првенство во дисциплина прелет (cross country) кое за прв пат се одржува во Македонија, почнува во понеделник, во 10.30, на Мечкин Камен, Крушево.
Во текот на целата недела, околу 60 врвни змајари од 15 европски земји ќе се натпреваруваат во серија трки од 70 до 120 километри над пелагониската рамнина.
Натпреварот е организиран од Воздухопловната федерација на Македонија, во соработка со Меѓународната воздухопловна федерација (Fédération Aéronautique Internationale – FAI). Успешната организација на овој натпревар ќе значи дека во јули, 2016, Македонија за прв пат ќе биде домаќин на Европското змајарско првенство.
Македонија се повеќе станува препознатлива на светско ниво како атрактивна дестинација за воздухопловни спортови од професионален и рекреативен карактер. Во 2014 Крушево беше еден од домаќините на Светскиот параглајдерски куп, а само во 2015 во Крушево се одржаа неколку меѓународни натпревари во овие спортови, како Бритиш Опен (параглајдерство), Пред-европското параглајдерско првенство и Полиш Опен (параглајдерство), како и бројни регионални натпревари. Дополнително, во овогодишниот августовскиот број на реномираното списание за змајарство и параглајдерство Крос кантри (Cross Country), беа посветени четири страни на Македонија како врвна дестинација за воздухопловни спортови и туризам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
-

ССМ утре на протест ќе бара зголемување на платите за 6.000 денари
-

Седум компании покажале интерес за инвестирање во дата центри
