Денеска средба Трамп-Мерц во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц со кого ќе разговара, меѓу другото, за американско-израелските напади врз Иран, новите закани со царини на Трамп и неодамнешната посета на германскиот лидер на Кина.
Мерц отпатува од Берлин за Вашингтон додека Германија и Франција најавија планови за продлабочување на соработката во областа на нуклеарното одвраќање, што е уште еден потег на европските соседи за да се приспособат на промените во трансатлантските односи во услови на постојани закани од Русија и стравот од нестабилност поврзана со иранскиот конфликт.
Мерц ќе биде првиот европски лидер кој ќе го посети Вашингтон по нападите врз Иран кои блокираа една од клучните светски рути за транспорт на нафта и го втурнаа глобалниот воздушен сообраќај во хаос, и пресудата на Врховниот суд од 20 февруари дека царините на Трамп се незаконски.
Претходно се очекуваше дека разговорите ќе се фокусираат на трговијата, но веројатно ќе доминира американско-израелскиот напад во кој во текот на викендот беа убиени иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи и други ирански лидери. Мерц во неделата не ги критикуваше американските воздушни напади, но ниту ја поддржа операцијата.
– Ја препознаваме таа дилема – рече Мерц, објаснувајќи дека постојаните обиди во текот на изминатите децении не го одвратиле Иран од обидите за набавка на нуклеарно оружје или угнетување на сопствениот народ. „Затоа нема да им држиме предавања на нашите партнери за нивните воени напади врз Иран“, додаде тој.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова и честиташе на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
-

Хакирани апликациите за итни предупредувања во Украина и Русија
-

Антонели нов светски шампион во Формула 1
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
-

Облачно со повремен дожд
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
