Живот
13. January 2017 - 15:43

Денеска спој на две енергии: Петок 13 и полна месечина, треба ли да стравуваме?

Зошто луѓето веруваат дека петок 13 е несреќен ден во годината?

Затоа што луѓето се суеверни, веруваат во разни урбани и фолк митови, како што е овој. И сето тоа затоа што некој тоа го осмислил како црн петок, а луѓето тоа наивно го прифатиле.

До 20 век не постоел урбан мит дека петок 13 е несреќен. Ново компонираната идеја за несреќа на тој ден и датумот кој се поврзува со петок 13 е страдањето на витезот темплар кое се случило во петок 13 октомври 1307 година кога се истребени сите витези темплари од страна на францускиот крал Филип 4.

Западните мас медиуми и естрадата се фатиле за тој полу урбан мит и создале книги и хорор филмови кои го популаризираат петок 13 како несреќен ден, кога се случува нешто лошо.

Кај Кинезите 13 е среќен број, а петок ден за уживање и забава.

FullMoonFriday13_700

Што е со полната месечина?

Полната месечина во народната митологија ја поврзуваат со окултното. Полната месечина е природна појава која се случува барем еднаш месечно, некогаш и два пати кога станува збор за т.н. сина месечина.

Исто така има и влијание на плимата и осеката.

Дали има психолошки ефекти врз луѓето?

Ако се земе фактот дека 50-60% од човековото тело е составено од вода, промената на гравитацијата, па и начин на кој што месечината влијае на плимата и осеката кај океаните, може да има влијание и кај човекот?

Сепак, нема никакви докази дека месечината има некакво влијание врз психо-физиологијата на луѓето.