-->
-->
Денеска сончево со мала до умерена локална облачност
-->
Времето во земјава преку ноќта беше ведро, а изутринава е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.Најниска температура од -4 степени целзиусови утринава беше измерена во Берово, 0 во Крива Паланка и Лазарополе, 1 во Маврово, Крушево и Гевгелија, 2 во Скопје – Петровец, 3 во Тетово и Демир Капија, 4 во Струмица, Охрид, Претор, Битола и Дојран, 5 во Прилеп, 6 во Штип и Виница, а 7 во Скопје – Зајчев Рид.
Времето денескаќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, попладне повремено засилен ветер од североисточен правец. Температурата ќе достигне 19 степени.
Утре и в понеделник ќе преовладува сончево време со мала облачност. Утринските температури на места ќе се спуштаат под и околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Зголемување на облачноста со локален дожд се очекува од вторник попладне.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Чествување на св. Кирил во Рим, државно-црковната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Гаши
-

Без струја дел од корисниците во Ѓорче Петров
-

Сообраќајка ноќеска на скопска обиколница, камион преминал во спротивна лента, четири лица загинаа
-

Свеченост на УКИМ за 77 години од основањето и патрониот празник- 24 мај
-

Американските конгресмени повторно предлагаат трајно воведување на летното сметање на времето
-

Меморандум за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола
-

Трамп најави испраќање на уште 5.000 американски војници во Полска
-

Четири лица загинаа при руски напади со разорни касетни бомби во Доњецк
