-->
-->
Денеска сите желби би можеле да ви се остварат: Се што треба е да ги изговорите овие зборови!
-->

Со младата месечина во Водолија, на 8 февруари (15.38) ќе ја фатиме позитивната вибрација на космосот, ако престанеме да се грижиме за она на што самите не можеме да влијаеме и да се фокусираме на позитивните мисли. Ни случајно не треба да се откажеме од идејата во која веруваме, но важно е и да се сетиме дека желбите кои ги посакуваме не мора да се остварат на начин на кој ние сме замислиле.
Значи да препуштиме на животот да ни ја покаже насоката во која треба да се движиме и успехот е загарантиран. Во овој период важни почетоци ги очекуваат Водолиите, Лавовите, Биковите и Шкорпиите, и тоа во областите на животот каде што промени најмногу им требаат. Од другата страна, Близнаците и Вагите ќе ги променат своите стилови на борба за она што го сакаат, додека Овновните и Стрелците ќе пронајдат нови начини за да соработуваат со другите. Јарците и Раковите имаат предиспозиции во предстојниот период да заработат повеќе отколку што им треба, додека Рибите и Девиците треба да го променат својот стил кон одржување на нивната здравствена состојба.
Не е потребен никаков волшебен ритуал, како младата месечина би го исполнила она што го сакате, само морате да имате на ум дека работите треба да ги сакате на одреден начин и одредено место. Постојат некои работи кои не смеете да ги посакате за време на младата месечина, бидејќи може да го добиете спротивното. За таквите желби треба да ја почекате полната месечина.
Сите желби кои се однесуваат на новите почетоци- на пример нова работа или нова љубов, треба да ги посакате токму сега. Кога е млада месечина идеално време е да посакате од нешто што имате, да имате повеќе – на пример пари.
Доколку пак имате проблем со вишок килограми, ова никако не е период кога треба да слабеете, бидејќи ќе ви се случи обратно, можете да добиете плус килограми. Таквите желби оставете ги за полната месечина, кога е исто така добро време за ослободување од негативната енергија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
-

Сенатот усвои Резолуција за ограничување на воените овластувања на претседателот на САД
-

Трамп верува дека е можен дипломатски договор меѓу САД и Куба
-

Променливо облачно време со ветер и услови за дожд
-

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого
-

Усвоени законски измени за полиција, внатрешни работи и радиодифузија во Собранието
-

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии
