Денеска се празнуваат тројцата браќа - маченици

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јуни.
Денеска е Св. маченици Мануил, Савел и Исмаил.
Овие тројца беа браќа, воведени во христијанството од мајка им и крстени. Живееја во времето на персискиот цар Аламундар и римскиот Јулијан (од црквата наречен Отстапник) и беа високи чиновници на персискиот двор. Како такви беа испратени кај Јулијан да договорат мир меѓу двете царства. Во тоа време, во Халкидон Јулијан прославуваше некоја паганска свеченост со многу жртви. Додека траеше свеченоста, тројцата персиски пратеници остануваа во своите одаи. Царот ги повика и побара да земат учество во свеченоста, а овие, како христијани, одбија да се поклонуваат на мртвите статуи. Јулијан ги затвори, ги стави на маки и ги погуби. Кога слушна за ова, Аламундар собра војска и го порази Јулијан. Во борбите загина и самиот цар. А во свое време царот Теодосиј Велики во Цариград подигна црква посветена на овие тројца маченици.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
