Денеска се празнува светецот со многу подвизи и витештво за верата во Христа
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 март.
Денеска е Св. Кирил Ерусалимски.
Роден е во Ерусалим во времето на Константин Велики, а умре во времето на Теодосиј Велики (315 г. – 386 г.). Во 346 година го посветија за свештеник, а во 350 г. го наследи на престолот блажениот ерусалимски патријарх Максим. Трипати го симнуваа од престолот и го испраќаа во прогонство, додека најпосле во времето на Теодосиј не го вратија, па проживеа мирно уште осум години и Му ја предаде душата на Господ. Тој имаше две тешки борби: од една страна со аријанците кои се засилија во времето на Константиновиот син Констанциј, а од друга во времето на Јулијан Отстапник, со самиот цар отпадник од верата и со Евреите. Во времето на силата на аријанците на денот на Педесетница се јави знакот на Крстот, посветол од сонце, се простираше над Ерусалим и над Елеонската Гора. Ова траеше неколку часа, а почна во девет наутро. За оваа појава што ја видоа сите жители на Ерусалим му пишаа и на царот Констанциј и тоа на мнозина им послужи за утврдување во Православието, а против ереста. Во времето на Отстапник се случи друг знак. За да го понижи христијанството Јулијан ги наговори Евреите да го обноват Соломоновиот храм. Св. Кирил Му се молеше на Бога тоа да не стане. И имаше страшен земјотрес којшто урна с ѐ што беше обновено на храмот. Тогаш Евреите почнаа одново да градат. Но повторно фати земјотрес и го урна не само новоизграденото туку и старите камења кои уште се држеа под земјата. Така се обвистини зборот Господов: „ни камен на камен овде нема да остане“. Од многубројните списи на овој Свет отец зачувана е само неговата „Катихетика“, првокласно дело што ја потврдува верата и праксата на Православието до денешен ден. Овој светител беше необичен архипастир и голем подвижник. Се одликуваше со смирение и кротост, а сиот беше испостен и блед во ликот. После многуплодниот живот во подвиг и витештво за верата во Христа, мирно се упокои во Господ.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка