Денеска променливо облачно со сончеви периоди
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 2 Лазарополе, Крушево, Маврово, 3 Струмица, Кр. Паланка, 4 Ѓуриште, Пожаране, 5 Тополчани, Д. Капија, Тетово, Претор, 6 Виница, Битола, Охрид, Прилеп, Штип, 7 Скопје-Петровец, Куманово, 8 Гевгелија, Дојран, 9 Скопје.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот: 1 Тетово, Скопје-З.Рид, Маврово, Струмица, 2 Претор, Кр. Паланка, Дојран, Демир Капија, Пожаране, 3 Гевгелија, Крушево, 5 Битола, Тополчани, Прилеп.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА: Во ноќните часови имаше повремени врнежи од дожд, претежно со слаб, а во југозападните делови и умерен интензитет. Утрово е претежно облачно, врнежите речиси секаде престанаа. Сончеви периоди има во североисточните и крајните западни делови. Во текот на ноќта дуваше повремено засилен северен ветер, а утрово слаб до умерен.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, претпладне долж Повардарието умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, претпладне умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре и во понеделник ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во вторник и среда ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, пообилни во западните делови, особено во среда, кога ќе има услови и за ретки грмежи.
Ново на Сител
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот