Денеска пресуда за случајот „Насилство во Центар“
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за случајот „Насилство во Центар“.
Во овој случај обвинет е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.
Обвинетите во „Насилство во Центар“, се товарат за поттикнување насилство за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.
Обвинителката Фатиме Фетаи во завршниот збор побара од Судот казните за поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар, Никола Груевски и Миле Јанакиески да бидат најстроги, за да се одвратат сите други од такви намери во иднина.
Како извршители на дејствата пред Општина Центар на 7 и 10 јули 2013 година, судијата Душко Јосифоски ги прогласи за виновни обвинетите Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Димче Крстев, Вангел Трифуновски и Трајче Петковски.
Обвинителството се откажа од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андонивски и Борче Богдановски.
Претходно за случајот вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни, додека за седмообвинетиот Димче Крстев се води одвоена постапка.
Првото рочиште за предметот се одржа на 12 декември 2016 година.
Ново на Сител
-

Четири злата и едно сребро за Македонија – македонските кикбоксери со голем успех на Светскиот куп
-

Во Штип почнува да се нормализира водоснабдувањето
-

ЦУК: Активни седум пожари на отворен простор, изгаснати 16 во изминатото деноноќие
-

Во поплавите во Непал и Кина загинаа над 900 луѓе
-

Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло на УС опен
-

Превозниците на протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Зеленски: Украина се подготвува за натамошни преговори со претставници на претседателот Трамп
-

Лавров: НАТО во Арктикот е директна закана за Русија
