Денеска пресуда за Мијалков и алфите за случајот „Тортура“
Денеска во Кривичниот суд ќе биде изречена пресуда за случајот “Тортура”, во кој обвинет е екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.
Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, а се однесува на аспењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски на 6 јуни 2011 година.
Првообвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.
Љупчо Шврговски, бранител на обвинетите во случајот ,,Тортура”, во завршните зборови минатот рочиште истакна дека обвинението е неосновано и се темели на голи претпоставки и нема докази дека Мијалков на било кој начин поттикнал да се изврши кривичното дело кое му се става на товар при апсењето на Љубе Бошкоски.
Денешната пресуда ќе биде трета по ред за Мијалков оваа година откако предходно тој доби затворски казни за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
