Денеска Општина Бутел одржа состанок на Кризниот Штаб

Кризниот Штаб се одржа во просториите на Општина Бутел на кој состанок присуствуваше комадирот на ПС Бутел Сашо Комненовиќ и Градоначалникот Велимир Смилевски.
Командирот на ПС Бутел даде објаснување кои лица можат да се движат во периодот додека трае полицискиот час, со претходна дозвола односно издадено Решение од Министерството за информатичко општество.
Командирот на ПС Бутел информираше за новината на КЗ која се однесува на ширење на невистини информации во врска со вирусот дека тоа дело е казниво. Непочитувањето на препораките ќе биде казниво согласно КЗ на РМ.
Од страна на Општина Бутел ќе биде пуштено возило со мегафон кое ќе информира и известува. Командантот на Штабот, Велимир Смилевски даде наредба да се воспостави контакт со раководителите на смени во трговските објекти и истите да воспостават ред на начин кој би се избегнала гужва во маркетите и да се запази препораката за одредена бројка на купувачи.
Ново на Сител
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
-

Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
-

Јаневска за случајот со Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет
