Денеска нов протест пред грчкиот парламент за договорот со Македонија
Во 16 часот по локално време, ќе се одржи нов протест пред грчкиот парламент, под мотото „Состанок со историјата“, во организација на „Комитетот за одбрана на грчкиот карактер на Македонија“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, тие ја повикуваат „цела Грција на Синтагма“ и велат: Ако не сега, кога? Ако не ние, кои?
Останува енигма дали времето во Атина ќе биде на страна на демонстрантите, со оглед на тоа дека од утрово грчката престолнина е под врнежи од дожд.
Во текот на вчерашниот ден се одржаа протести пред грчкиот парламент, утринскиот беше нешто помасовен од вечерниот, но во никој случај собирите на кои немаше над 1000 луѓе, не наликуваа на масовните демонстрации што во јануари и во февруари се одржаа во Солун и Атина.
Како што веќе објави МИА, организаторите најавуваат нов протест за утре во Преспа, за време на потпишувањето на договорот меѓу двете земји. Преку туристички агенции, организиран е автобуски превоз од многу градови во Северна Грција, а цените се од 5 до 15 евра во зависност од локацијата.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови