-->
-->
Денеска е Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден
-->
Денешниов празник е органски поврзан со вчерашниот празник, празникот на осветувањето на црквата на Христовото воскресение во Ерусалим. Имено, во истата таа црква беа сместени остатоците од чесниот крст на кој беше распнат Христос, а кој крст го пронајде мајка му на цар Константин Велики, царицата Елена. Уште еден настан, освен пронаоѓањето на чесниот крст, е поврзан со овој празник, а тоа е неговото враќање од Персија, каде што беше однесен по персиското освојување и разорување на Ерусалим во седмиот век, што се случи за време на византискиот император Ираклиј (628). А најважното што се слави денес е крстот како символ на победата над светската суета, симбол на смирениот бунт на внатрешниот човек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јанц: И реваншот против Македонците ќе биде предизвик
-
Макрон ја повика Русија да го прифати примирјето
-
Стармер: Путин не е сериозен во врска со мирот
-
„Еурактив“: Српската бавна револуција
-
Нејмар: Се чинеше дека моето враќање е блиску, но нема да можам да го носам дресот на Бразил
-
Хрватскиот премиер Пленковиќ опериран поради срцева аритмија
-
Норис најбрз на квалификациите за Големата награда на Австралија
-
Метеоролозите предупредуваат: Торнада и силни бури се закануваат на Југот на САД