Денеска е Св.Наум Охридски Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ
Со црковно народен собир денеска беше одбележан празникот летен свети Наум Охридски-Чудотворец во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка.
Традиционално за ова празнување доаѓаат голем број верници од сите краишта на Македонија. Во црквата беше отслужена света божествена архиерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски господин Јосиф заедно со митрополитот кумановско-осоговски господин Јосиф во сослужение на повеќе свештенослужители на МПЦ – Охридска архиепископија.
- И оваа година ја продолживме долгогодишната традиција и повторно се собравме на овој ден во овој храм, не само да ја одбележиме манастирската слава туку да се потсетиме на животот, делата и безбројните чуда прославувајќи го сечесниот спомен на големиот свети Наум Охридски Чудотворец, еден од најревносните ученици на солунските рамноапостолски браќа светите Кирил и Метродиј, рече во својата беседа пред присутните митрополитот тетовско гостиварски господин Јосиф.
Светата литургија беше збогатена со црковно пеење на реномираниот женски младински хор „Менада“ од Тетово. По литургијата во доворот на манастирската црква беа искршени кумските колачи по што беа поделени парчиња од лебовите, а паричките во нив ги одредија кумовите за прославата на празникот свети Наум за следното лето.
Ново на Сител
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
-

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор
-

Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
-

Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје
