Денеска е Свети свештеномаченик Кипријан и маченица Јустина
Овој Кипријан, што се слави денес како светител, претходно беше маѓесник или, со современ јазик кажано, окултист. Се беше преселил од Картагина во Антиохија, во времето кога таму живееше христијанката Јустина. Едно развратно момче од незнабошците се занесе од нејзината убавина и по секоја цена сакаше да ја обљуби. А кога Јустина го одби одлучно, тој побара помош од Кипријан. Кипријан гаташе и баеше, наведувајќи го духот на блудот на Јустина, за во неа да се разгори страста кон момчето, но се беше залудно зашто Јустина ги одбиваше од себе духовите на злобата со крсен знак и молитва. Тогаш Кипријан ја позна силата на крстот и сам се крсти, а потоа стана презвитер и епископ. Кон крајот на третиот век беа погубени во Дамаск, како сведоци за Христа. Црквата ги слави заедно, славејќи ја победата на Јустина над окултистот Кипријан, односно власта на Христа над нечистите духови.
Ново на Сител
-
Царовска: Никаде не пишува дека македонската историја нема да се изучува
-
СП Ракомет: Победи на Аргентина и Полска
-
Почина легендарната спикерка Бранка Станковска на 90-годишна возраст
-
Маричиќ: Законот за попис е донесен – попис во април ќе има
-
Бројот на излекувани од Ковид-19 во светот надмина 70 милиони
-
Апасиев: По Уставот сум должен да не ги примам попишувачите дома во време на пандемија
-
Заев – Дуџак: ОН ја продолжуваат поддршката на нашата држава
-
Приведени криминалци барани со потерница, за затворска казна до 12 години