Денеска е Свети пророк Михеј

По род бил од Јудиното племе, од селото Мориси. Современик е на пророците Исаија, Амос и Осија (осмиот-седмиот век). Ги разобличувал пороците на својот народ, лажните пророци, ја претскажал пропаста на Самарија, како и на Ерусалим, за кој вели дека ќе пропадне зашто неговите старешини земаат мито, свештениците учат за плата, а неговите пророци гатаат за пари. Од сите пророштва најважно му е пророштвото за местото каде ќе се роди Месијата, во кое вели: А ти, Витлееме, по ништо не си помал од Јудините кнежевства; од тебе ќе излезе оној кој ќе владее со Израилот и чие потекло е од оној крај на времето, од вечните денови. Не се познати околностите во кои го завршил животот. Неговите мошти се пронајдени во времето на цар Теодосиј Велики, според откровението што му беше дадено на Елевтерополскиот епископ Зевин.
Ново на Сител
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
