Денеска е Св. Тихон Чудотворец, познат по неговите две чуда
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јуни.
Денеска е Св. Тихон Чудотворец.
Живееше во четвртиот и петтиот век. Се роди на островот Кипар, во градот Аматун. Родителите му беа христијани и го воспитаа во Христовиот дух. Уште како млад, Тихон се истакна со својот добродетелен живот. Аматунскиот епископ Мемнон го забележа момчево и го ракоположи во чин ѓакон..
По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон беше едногласно избран за епископ на епархијата Аматунтска, а го посвети славниот Епифаниј. За овој чин го препорачаа неговиот чист живот и големата ревност за Православието. Во тоа време уште имаше незнабожци на островот Кипар. Свети Тихон вложи апостолски труд за да ги обрати неверните во верни.
И имаше во тоа време голем успех. По долгите подвизи на лозјето Господово, се пресели во блажената вечност, околу 425 година.
Наречен е Чудотворец заради големиот број чуда што ги направи за време на животот. Татко му беше пекар. Кога и да го оставеше во дуќанот, тој им го раздаваше лебот на сиромасите.
Еднаш татко му го укори за тоа. А тој се помоли на Бога и житницата им се наполни со жито, така што со мака ја отворија. Другпат пак, засади суви прачки во лозјето, но од нив зазелене лоза и во свое време донесе плод.
Ново на Сител
-
Завршена јавната набавка за инсулин, потпишан договор за две години, информира Таравари
-
Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни
-
Во сообраќајка загина 33-годишен мотоциклист од Кичево
-
Мицкоски најавува средба со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Поевтинуваат горивата
-
Студенти од Турција ограбиле таксист во Скопје
-
24-годишен охриѓанец со стаклен предмет нападнал маж од Скопје
-
До крајот на неделата СДСМ со првите кандидати за градоначлници