Денеска е Св. Прохор Пчински
Свети Прохор живееше во единаесеттиот век. Се подвизуваше се до својата смрт под една карпа во близина на реката Пчиња. Заедно со свети Гаврил Лесновски и свети Јоаким Осоговски во Македонија ја продолжуваше исихастичката монашка традиција. Грчкиот збор исихиа во буквален превод значи тихување, тишина, но во Црквата тој термин го доби значењето-молитвено тихување, т.е. собраност на сите човекови сили внатре во него, што се постигнува преку молитвата. Подоцна во близина на неговата испосница, подигнат е познатиот манастир Свети Прохор Пчински каде што се наоѓаат моштите на овој светител-чудотворни, т.е. исцелителни, а и мироточиви, што значи дека од неговите коски непрекинато уште од времето по неговата смрт, па досега истекува густо масло со убав мирис.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање