Денеска е Св. маченици Мануил, Савел и Исмаил
Овие тројца беа браќа, воведени во христијанството од мајка им и крстени. Живееја во времето на персискиот цар Аламундар и римскиот Јулијан (од црквата наречен Отстапник) и беа високи чиновници на персискиот двор. Како такви беа испратени кај Јулијан да договорат мир меѓу двете царства. Во тоа време, во Халкидон Јулијан прославуваше некоја паганска свеченост со многу жртви. Додека траеше свеченоста, тројцата персиски пратеници остануваа во своите одаи. Царот ги повика и побара да земат учество во свеченоста, а овие, како христијани, одбија да се поклонуваат на мртвите статуи. Јулијан ги затвори, ги стави на маки и ги погуби. Кога слушна за ова, Аламундар собра војска и го порази Јулијан. Во борбите загина и самиот цар. А во свое време царот Теодосиј Велики во Цариград подигна црква посветена на овие тројца маченици.
Ново на Сител
-
Трамп го нoминира лојалниот Каш Пател за шеф на ФБИ
-
Европската комисија „Фон дер Лајен 2“ стапува на должност
-
Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024
-
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си