-->
-->
Денеска е Св. Епифаниј Кипарски
-->
Епифаниј беше по род Евреин, но откако ја увиде силата на Христовата вера се крсти заедно со сестра му Калитропија. На свои 26 години се замонаши, а подоцна основа и свој манастир.
Неговите подвизи, мудроста и дарот на чудотворство го прославија низ цела Палестина и Египет. Бегајќи од човечката слава тој се сретна со свети Пафнутиј, кој му прорече дека ќе биде епископ на Кипар. Така и се случи по некое време. Во неговата 60 годишна возраст беше и против негова волја избран за епископ во градот Саламина, со чија црква управуваше 55 години.
Се упокои во 403 година во длабока старост.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа
-
Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер
-
Гаши пуштен на домашно лекување
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар