Денеска е Св. апостол Матиј
Во прво време Матиј беше цариник или митник во Палестина. Римската држава во тоа време веќе имаше обичај порезите во освоените области да ги дава под закуп без потоа да се грижи за начинот на кој се собира порезот, ниту за неговата висина. На тоа начин на собирачите на порезот од власта им беше оставена голема слобода во угнетувањето на народот. Природно меѓу народот цариничката професија немаше голем углед. Но, иако припаѓаше на оваа група, длабоко во себе митникот Матиј имаше непоматена чистота. Таа чистота ја виде Христос зошто не ја гледаше надворешноста на човекот и го повика Матија да стане негов ученик. Чудно за земниот ум, овој презрен митник скокна од своето место и во еден миг заборави на секоја негова врска со земното. После слегувањето на Светиот Дух над апостолите, тој беше избран за апостол наместо самоубиецот Јуда. Подоцна проповедаше во Јудеја, во Мала Азија и на Исток, а пострада маченички во Ерусалим, убиен со камења.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје