Денеска е Преподобна Пелагија, светица која се збогати работејќи како проститутка но...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 октомври.
Денеска е Преподобна Пелагија.
Оваа Пелагија потекнуваше од Антиохија и Господ и дал голема телесна убавина. Таа своја убавина Пелагија ја користеше за блуд, па така собра големо богатство. Еден ден таа отиде во црквата во која проповедаше епископот Нон и ја слушна неговата беседа за страшниот суд. Тоа толку ја потресе, што реши сосема да се измени. Откако Нон ја крсти, таа отиде во Ерусалим и се затвори во една келија на Елеонската Гора, живеејќи како монах Пелагиј. Откако преку пост и молитва ја исчисти душата од страстите, таа се удостои за небесното царство и се упокои околу 461 година. Денес се слави и преподобна Таиса, која има слично житие како и Пелагија.
-Јас сум море од беззаконие, амбис на пропаста, мрежа и оружје на ѓаволот. Спасете ме оче, ги молела Пелагија свештениците во манастирот да ја покрстат и да ја прими верата Христова, но никој не сакал да разговара со блудницата, ниту пак да и помогне да стане христијанка.
Сепак еден архиереј и покрај противењето на останатите, одлучил да ја крсти Пелагија, но и рече дека мора да се одрече од богатството стекнато на нечесен начин.
Пелагија го послушала и сите свои пари, стекнати со блуд ги поделила на риромашните. Потоа за да го испере сиот свој грев се одлучила на најстрог можен пост, само на вода.
Иако сите во манастирот ја молеле по 3 години да се откаже од постот, Пелагија одбивала тврдејќи дека само на тој начин ќе може да се покае и да се искупи од гревовите и да влезе во царството небесно.
Пелагија умре на денешен ден 461 година, а набрзо христијанската црква ја стави во редот на светици поради нејзината пожртвуваност и искрено покајување.
На овој ден постат припадниците на православната вера.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација