Денеска е Преподобен Пимен Велики
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 август.
Денеска е Преподобен Пимен Велики.
Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш Пимен измоли од Старецот Павел да го однесе кај Свети Паисиј. Кога го виде Паисиј му рече на Павле: „Ова дете ќе пасе многумина, со него е раката Божја.“ Со време Пимен се замонаши и кон монаштво привлече уште двајца од своите браќа. Еднаш дојде мајка им да ги види своите синови, но Пимен не ја пушти внатре, а ја праша: „Сакаш повеќе да н ѐ видиш овде или во вечноста?“ Мајка му се оддалечи со радост, говорејќи: „Штом сигурно ќе ве видам таму, тогаш не сакам да ве видам овде.“ Во манастирот на овие тројца браќа, со којшто управуваше најстариот брат, Анувиј, типикот беше ваков: ноќе четири часа минуваа во ракоделие, а четири во псалмопеење. Дење од утрото до пладнето времето го минуваа наизменично во работа и во молитва; од пладнето до Вечерната читаа, а после Вечерната си подготвуваа вечера: тоа им беше единствениот оброк во деноноќието, и тоа обично од некакво зелје. За нивниот живот самиот авва Пимен рече: „Јадевме тоа што ни се предлагаше, никој никогаш не рече: дај ми нешто друго или јас тоа не го сакам. На тој начин ние го поминавме сиот живот во безмолвие и во мир. Авва Пимен се подвизуваше во 5 век и мирно се упокои во длабока старост.“
Ново на Сител
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг