Денеска е Преображение Господово
Денеска православните христијани го слават празникот Преображение Христово- Преображение на Господ Бог.
Преображението Христово е основен момент во животот на човекот. Впрочем, живееме во Црквата и не се стремиме да бидеме само добри луѓе, туку да бидеме богови по благодат“ (о. А. Шмеман). Црквата денес нѐ кани да ги отвориме дверите на нашето срце, за таму да Го населиме Бога и сите луѓе, да подариме повеќе љубов, да се преобразиме не само себеси, туку со својот живот, со својот пример и сите околу нас. На таква висина денес нѐ кани Црквата.
Се верува дека третата година откако започнал да го проповеда своето учење, Исус им зборувал на своите ученици дека наскоро ќе се случат значајни работи. На овој ден, Исус како да знаел, раскажувал дека тој ќе биде мачен и распнат, дека ќе умре и ќе воскресне. Кај народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник кои постојат и денес.
Се вели дека за среќа, токму на овој ден за прв пат во годината се бере грозје. Грозјето потоа се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Освен грозјето, се верува и дека другите есенски плодови носат среќа, па така порано се осветувале и јаболката, сливите, крушите.
Празникот се вика Преображение затоа што, уште во раната зора на овој ден, почнуваат да се преобразуваат гората и водата, најавувајќи ја идната есен. Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата.
Во народот се вели дека на овој ден луѓето за последен пат во летото можат да се искапат во реките затоа што подоцна водата станува студена.
Уште едно верување вели дека на Преображение не е убаво преку ден да се спие, бидејќи кој тој ден поспие, ќе се преобрази, па цела година ќе биде мрзелив и поспан. Овој ден не е убаво ниту да се плаче, нуту да се помине цел ден во кафеана, за луѓето да не станат расипикуќи.
Порано, на овој ден постеле само жените, а сега спаѓа во празниците со строг пост. Се верува и дека, кога на болен ќе му се дадат лешници, тој ќе оздрави. Во некои места било обичај на Преображение жени и девојки да станат пред сонце и да работат некоја домашна работа, бидејќи се верувало дека Бог ќе ги преобрази да бидат вредни.
Ново на Сител
-
Уапсен скопјанец, криумчарел мигранти од Кина и Пакистан
-
Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин во операција против трговија со дрога
-
Скопје повторно прв најзагаден град во Европа
-
Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од ОЕЦД, Македонија ќе ги имплементира стандардите за автоматска размена на податоци
-
Две 50-годишни скопјанки се истепале за паркинг во Карпош
-
Џејмс го престигна Данкан по број на победи во НБА
-
„Мртов Саздо добар Саздо“ и „Илирида“ ечат во Тетово | ВИДЕО
-
60-годишник си изградил хотел без никакви документи во Старата скопска чаршија